Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа во 21:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во близина на село Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, каде им подлегнал на повредите. Од страна на лекар е констатирана смрт. Кај неговиот сопатник С.С. и возачот на патничкото возило „пежо“ се констатирани телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.





