Благодарение на добрата организација, во моментов не само што има доволно керозин за домашните аеродроми, туку ги снабдуваме и соседните. Ова го соопшти вицепремиерот Александар Николоски, кој во гостување во подкаст, рече дека земјата моментално целосно го снабдува аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш со керозин, нагласувајќи дека благодарение на добрата организација во Скопско, работењето на овие два аеродрома е поддржано и од локалната инфраструктура и капацитети.
Николоски се пофали дека „Македонија е единствената земја која, во време на глобална криза во воздухопловството, отвора нови воздушни дестинации“.
„Пет нови линии ќе бидат отворени во наредните недели. Аустријан ерлајнс ќе воведе редовни летови од Виена до Охрид, што ќе биде многу важно за поврзување на летовите преку Виена. Додека „Виз ер“ ќе воведе летови од Полска, имено од Вроцлав и Краков до Охрид, што позитивно ќе влијае на развојот на туризмот и ќе донесе полски туристи. Од Скопје ќе имаме две одлични летни дестинации, кои ќе продолжат и по летната сезона. Едната е Палермо на Сицилија, додека другата е Алгеро на Сардинија. Со тоа, ние сме единствената земја што отвора нови воздушни рути“, изјави Николоски.






