МВР информира за добиена пријава од 34-годишна жена од скопско, која од декември 2025 година до денот на пријавување во својство на директор на основно училиште добивала закани од З.Р..
-Според пријавителката, причина за заканите бил фактот што при инспекција на Државниот просветен инспекторат било утврдено дека сопругата на З.Р. вработена во истото училиште, имала приложено фалсификувана диплома. Воедно, пријавителката посочила дека на 31.12.2025 пред нејзината куќа било запалено нејзиното патничко возило, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







