Трамп ги симна санкциите на руската нафта

САД привремено ги укинаа санкциите за руската нафта што веќе се наоѓа на танкерите на море вчера вечерта по локално време, отворајќи го патот за испораки до клиенти низ целиот свет, но не и за нови договори. Министерството за финансии на САД, во екот на кризата околу Ормутскиот теснец, која ги крена цените на нафтата кон околу 100 долари за барел, издаде привремена лиценца преку Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) што важи 30 дена – до 11 април – и ова, според американската администрација, треба да го стабилизира пазарот.

Се проценува дека околу 124 милиони барели руска нафта моментално се наоѓаат на танкери на море, чекајќи купувачи или логистичко решение за испорака. 

„Овластување за испорака и продажба на сурова нафта и нафтени производи од потекло од Руската Федерација натоварени на бродови од 12 март 2026 година. (а) Освен како што е предвидено во став (б) од оваа општа лиценца, сите трансакции забранети од горенаведените органи што се вообичаено инцидентни и неопходни за продажба, испорака или истовар на сурова нафта или нафтени производи од потекло од Руската Федерација натоварени на кој било брод, вклучувајќи бродови блокирани според горенаведените органи, на или пред 00:01 часот по источно летно време, 12 март 2026 година, се овластени до 00:01 часот по источно летно време,11 април 2026 година“, стои во Одоборението издадено од OFAC.

Веднаш пристигна коментар од Русија. Економскиот претставник на земјата, Кирил Дмитриев, изјави дека глобалниот енергетски пазар „не може да остане стабилен“ без руска нафта. – САД всушност го признаваат очигледното: без руска нафта, глобалниот енергетски пазар не може да остане стабилен – напиша Дмитриев на Телеграм.

Но, американските власти нагласуваат дека ова формално не го менува режимот на санкции воведени врз Русија по инвазијата на Украина во 2022 година, туку овозможува завршување на веќе започнатите трансакции кои се „заробени“ на море поради санкциите и нарушувањата на пазарот. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА