Трамп: Куба е банкротирана држава и треба да склучи договор со САД

Фото: Јутјуб

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа ја повика Куба да склучи договор со Вашингтон, но ја отфрли идејата за операција за соборување на режимот во Хавана.

– Куба во моментот е банкротирана држава, наведе Трамп.

На прашањето дали САД би можеле да ја соборат кубанската влада, како што направија на почетокот на јануари кога ја нападнаа Венецуела и го заробија претседателот Николас Мадуро, Трамп посочи „Не мислам дека тоа би било потребно“.

Поради децениското ембарго на САД кон Куба и заострените мерки изминатиот период земјата се соочува со недостиг на гориво и прекини во електроснабдувањето.

Трамп, по американската во Венецуела најави дека Хавана нема повеќе да добива нафта од Венецуела и им се закани на другите држави, пред сè, на Мексико, со зголемување на царините ако извезуваат нафта за Куба.

Трамп недостигот на гориво го оцени како „хуманитарна закана“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА