Трамп: Ќе ја одмаздиме смртта на нашите војници и ќе им нанесеме најтежок удар на терористите кои и објавија војна на цивилизацијата

Фото: Видео принтскрин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети дека ќе ја одмазди смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран, нагласувајќи дека може да има нови загуби.

– За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Точно така – рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.

Тој рече дека „Америка ќе ја одмазди нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои и објавија војна на цивилизацијата.

Американската војска објави дека тројца војници се убиени, а петмина се сериозно ранети, означувајќи ги како први жртви на операциите против Иран.

– Америка е со вас – нагласи Трамп, додавајќи дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да обезбедат безбедност за нашето време и место, туку и за нашите деца и нивните деца“.

Тој истакна дека тоа е „должност и товар на слободниот народ“.

Американскиот претседател ги опиша израелско-американските напади врз Иран како „точни“ и „неопходни“ за елиминирање на „крвожедниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.

Борбените операции продолжуваат со полна сила и ќе продолжат сè додека не се постигнат сите наши цели – рече тој.

Трамп уште еднаш ги повика Иранската револуционерна гарда и „воената полиција“ да го положат оружјето и да добијат целосен имунитет, или ќе се соочат со сигурна смрт.

Во кратко обраќање, тој го повтори својот апел до Иранците да го соборат режимот: „Америка е со вас“.

Извор: МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА