За добивањето на новите лични документи – пасоши, лични карти и возачки дозволи граѓаните за период од пет години пларите 44 милиони повеќе односно вкупно 7 милиони евра, покажа најновото истражување на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем дел од 73-те милиони евра што ги платиле граѓаните е за добивање пасош, дури 60 милиони евра за 5 години.
Документите ги изработува фирма која победила на тендер пред 21 година. МВР не открива кога и под кои услови е продолжуван првичниот договор сè до денес. МВР не ги открива ниту важечките договори за изработка на личните документи со образложение дека се класифицирани како „доверливи”.
Според наодите na ЦГК: Министерството смета дека изнесувањето на податоците од склучените договори ќе имало последици врз нивното работењето, без да наведе за какви последици станува збор.
· Како „доверливи” се заштитени од објавување дури и бројот на лични документи (пасоши, лични карти и возачки дозволи) кои се изготвени во изминатите години. МВР ги открива само вкупните финансиски податоци.
· Со ваквата тајност на целиот договор и неговите анекси, се ограничува увидот на јавноста во финансиските и во договорните аспекти на оваа набавка.
· Нејасно е врз основа на кој закон е спроведена оваа набавка, која е исклучена од редовните конкурентски постапки за јавни набавки.
Оттука, според ЦГК, јавноста не може да провери дали исклучувањето од редовните правила било законски оправдано, неопходно и пропорционално.





