Тројцата починати во сообраќајката кај Балталија се работници од Бангладеш

Тројца починаа, а двајца се повредени во сообраќајката на експресниот пат Штип – Радовиш кај Балталиски мост. Комбето кое излета од мостот и се завршило на стариот пат превезувало работници од Бангладеш, ангажирани од струмичка фирма. Починатите се државјани на Бангладеш, повреден е еден работник, исто од Бангладеш, а на повреди се пожалил и возачот, македонски државјанин.

-Екипите на Итната помош од Штип кај двајца констатираа смрт на лице место, додека третото лице се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Со повреди во Клиничката болница е однесено едно лице и се утврдуваат повредите, додека возачот првично рекол дека нема повреди, но потоа се пожалил и тој е пренесен, изјави за Канал 77 Горан Андонов, директор на Здравствениот дом – Штип.

Во моментов се врши увид, по што се очекуваат повеќе информации.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ