Туристички места, трговски центри, хотели и ресторани – Паника во Албанија од можни напади поврзани со Иран

Фото: Јутјуб

 Амбасадата на САД во Тирана предупреди дека групи поврзани со Иран можно е да нападнат субјекти поврзани со САД во Албанија.

Во објава на Фејсбук, Амбасадата соопшти дека иранските опозициски елементи со седиште на албанска територија, исто така, би можеле да бидат цел.

– Американската амбасада во Тирана издаде предупредување до своите граѓани, наведувајќи дека цел на ирански напади  може да бидат субјекти поврзани со САД или елементи на иранската опозиција во Албанија, објавија медиумите.

Во соопштението се наведува дека нападите би можеле да бидат извршени на вообичаени места, како што се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани и ги повикаа американските  граѓани да бидат внимателни. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ