Уапсена тетовка, возела мортус и предизвикала сообраќајка

Фото: МВР

Лишен од слобода возач во тетовско, управувала возило под дејство на алкохол и предизвикала сообраќајна незгода

-На 02.12.2025 во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ја лишија од слобода Џ.А.(24) од с.Ново Село, општина Боговиње. Претходно, таа со нејзиното патничко возило ,,фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, иформираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ