Анестезиолошки техничар, кој склучил договор за доживотна издршка со познатиот охридски угостител Климе Митревски, сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак” во старото охридско јадро, е упсен по вчерашното убиство на Митревски. Медицинарот, кој работи во Клиничка болница Тетово, склучил договор со Митревски да го чува и негува до неговата смрт, по што тој требало да го наследи имотот вреден над милион евра.
Како што соопшти МВР, во охридксата полиција било пријавено вчера во 08:24 часот, дека во семејниот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден 76-годишниот охриѓанец К.М. Вќе попладнето, во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, го привеле Ж.Г. (53), кој се сомничи за кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Медицинарот, кој требало да се грижи за Митревски е осомничен дека намерно ја забрзал смртта на угостителот. Истрагате е насочена и во правец на откривање дали осомничениот убиец имал други вакви договори за издршка во замена на материјална корист и евентуалните починати корисници.
Според МВР, досега против лицето Ж.Г. е евидентирано само едно кривично дело загрозување на сигурноста преку компјутерски систем.
„Освен овој конкретен случај, за лицето не постојат записи за други претходни санкции или кривични постапки со правосилен исход“, инфомрирале од МВР за „360 степени“.
Медиумите веќе го открија идентитето на Ж.Г., идентификувајќи до претседателот на организацијата „Христијанско братство“. Против него во 2019 година е поднесена кривична пријава за упатување смртни закани кон тогашниот премиер Зоран Заев, но со погрдни зборови се обраќал и кон екс премиерот Никола Груевски.






