Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, денеска е приведен во рамки на истрага во која се опфатени уште 15 лица, дознава Портал Икс од извори.
Според информациите со кои располага порталот, предмет на истрага се и три компании поврзани со случајот.
Засега нема официјална потврда од МВР и Обвинителството.





