Уапсен штипјанец, со „бентли“ летал со 143 км/ч, а било дозволено 50

Фото: МВР

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со 143 км на час на место што брзината е ограничена на 50 км на час

-На 16.11.2025 во 11:45 часот на експресниот пат Лозово-Велес, во близина на крстосница за село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Ј.(45) од Штип. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бентли“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 143 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ информираат од МВР

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ