Убедлива победа за македонските ракометари на Словачка

Фото: МИА

Македонската ракометна репрезентација направи голем исчекор кон обезбедување учество на Светското првенство 2027 година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Прешов ја победија Словачка со убедливи 31:24.

Победникот се наѕираше уште по првите 30 минути кои нашите ракометари ги завршија со пет голови предност (18:13).

Најефикасни во победничкиот состав беа Филип Кузмановски со десет и Милан Лазаревски со седум голови.

Вториот натпревар од бараж-пресметката ќе се игра на 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Мундијалот ќе се игра во Германија во јануари следната година. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ