Украина или Словачка противник на македонските ракометари во баражот за СП 2027

Фото: РФМ

Македонските ракометари во борба за пласман на Светското првенство односно во баражот 3 ќе играат со победникот од дуелот Украина – Словачка. Ова е епилогот од денешното извлекување на двојките за баражот од третата фаза.

Противникот ќе биде познат во март годинава кога ќе се играат бараж дуелите меѓу Украина и Словачка.

Другите двојки за пласман на СП 2027 се:

Победник Босна и Херцеговина / Косово – Фарски острови

Чешка – Франција

Швајцарија – Италија

Победник Финска/Црна Гора – Словенија

Победник Србија / Литванија – Унгарија

Шпанија – Победник Грузија / Израел

Победник Грција / Белгија – Холандија

Норвешка – Победник Турција/ Романија

Австрија – Победник Полска / Летонија

Термини за одигрување на натпреварите се 13-14.мај (прв натпревар) и 16-17.мај (реванш).

Европската ракометна федерација направи грешка при извлекувањето на двојката меѓу македонскиот ракометен тим и победникот од дуелот Украина и Словачка во баражот од третата фаза за пласман на Светското првенство во Германија 2027.

Според пропозициите се влече „топче“ од „шешир носители“, а потоа топче од „шешир неносители“ и двете се ставаат во сад и првото „топче“ е домаќин на првиот натпревар. Тоа не се случи при првото извлекување. Сепак во повтореното беше одлучено првиот натпревар на 13 или.14 мај да се игра на теренот на противникот (Украина или Словачка), а реваншот на 16-17.мај на домашен терен најверојатно во Скопје.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ