Планинскиот пат Штип – Неготино преку Серта е живописен, но полн со опасности.

Особено што на делови недостасува дел од оградата или поставување на нови заштитни огради, како во случајот што го забележавме.

Последната кривина од Серта кон Штип се чини е и најострата и најопасната. Но, таму недостасува дел од оградата, што при мало невнимание, може да чини животи, бидејќи следи длабока провалија директно од коловозот.

Укажуваме до надлежните дека е време да се навратат и на оваа делница пред да стане актуелна во рубриката Црна хроника.






