Утре продолжува процесот против младите кочанчани кои го искршија вториот локал на газдите на Пулс – Класик кафе

Утре во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против младите кочанчани кои лани на 17 март, ден по трагедијата во Пулс, го искршија вториот локал на сопствениците на дискотеката, Класик кафе.

Синот на Дејан Јованов – Деко, Михаил Јованов, во својство на управител на фирмата БИТ ТИМ Дооел, ги тужи младите, кои на протестот ги демолираа излозите и инвентарот во кафе-барот.

Првото рочиште Основниот суд во Кочани го закажа за 30 март, кога се појавија дел од обвинетите и нивните адвокати, додека претставник на БИТ ТИМ немаше. Адвокатката на Јованови, Ивана Коцевска, побарала од судот да го одложи рочиштето бидејќи имала други професионални ангажмани, но бидејќи не доставила доказ за тоа, судот го отфрлил барањето и не го одложи рочиштето.

Од обвинетите отсутни беа петмина обвинети. Дел од нив имаа ополномоштени адвокати, еден обвинет имаше присутна ополномоштена мајка, за еден обвинет поканата е вратена со назнака дека лицето е во Италија, а за друг обвинет дека се наоѓа во Словенија.

На рочиштето на 30 март присуствуваа повеќе родители на загинати деца во дискотеката Пулс во знак на поддршка на обвинетите, а пред судот имаше несекојдневен протест на кочанчанецот Стојан Рашков за поддршка на обвинетите со книгата ,,Трите смртни пресуди на Павел Шатев” како симбол на, како што вели, неправедното гонење.

(К.М.)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ