Утре протест во Скопје на шест месеци од трагедијата во Пулс

Фото: МИА

Половина година по трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ најави нов мирен собир во Скопје на 16 септември, точно шест месеци по катастрофата во која животот го загубија 62 лица.

Тие изразуваат незадоволство од околностите кои довеле до несреќата, но и од истрагата.

Досега во истрагата обвинителството на 13 јуни обвини 34 физички и три правни лица за „Тешки дела против општата сигурност“. На 5 септември следуваше и обвинение против сопственикот на фирмата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“, кој според истрагата реално управувал со дискотеката. Нему му се става на товар дека дозволувал малолетници да влегуваат по полноќ, дека наредил употреба на пиротехника, работел без безбедносен план и сето тоа наводно со поддршка од надлежните институции.

И покрај овие чекори, движењето „Кој е следен?“ смета дека борбата не смее да запре. Настанот тие го нарекуваат „масакр“ и „свирепо убиство извршено од нефункционалните институции и партискиот картел“. Со повик за „тивок собир под ѕвездено небо“ на Плоштад Македонија, тие испраќаат порака дека „болката треба да нѐ натера да делуваме“.

Во изминатите месеци, активистите покажаа упорност – од првиот протестен марш на 18 март, преку герила-акции пред Обвинителството во мај, до постојаната поддршка на „Маршот на ангелите“, кој секоја сабота го организираат семејствата на жртвите во Кочани.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ