Утре 19-ти протестен „Марш за ангелите“ во Кочани

Утре во Кочани ќе се одржи 19-тиот протестен „Марш за ангелите“ организиран од здружението на семејствата на загинатите од трагедијата во дискотеката „Пулс“:

  • Нашата болка, љубов и борба не престануваат. Посветени, обединети и гласни, во име на сите оние чии животи беа неправедно одземени, продолжуваме со барањето правичност и правда, се вели во нивното соопштение.

Маршот ќе тргне во 18:05 часот од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани и ќе продолжи по вообичаената рута кон Трговскиот центар и зградата на Општината, а потоа ќе продолжи кон Полициската станица и ќе финишира пред зградата на Обвинителството и Основниот суд – Кочани.

Од Здружението упатуваат повик до граѓаните да им се придружат.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ