Уште 48 часа притвор за насилникот Стојанче по фрлањето од балкон на неговата сопруга и ќерка

ОЈО информира дека на насилникот Сојанче Јовановски, чии жена и дете се фрлија од балкон во Карпош, доби уште 48 часа притвор.

-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена. Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов, информираат од ОЈО.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ