Полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, преку социјална мрежа започнал комуникација со едно лице, при што директно побарал парични средства за да пропушти на граница кое било украдено и се наоѓало на „стоп листа“. Внатрешната контрола му поднесе кривична пријава, а е побарано и негово отстранување од работното место. Настанот е од 5 април, годинава.
Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.
-Пријавениот, на работно место полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, преку социјална мрежа започнал комуникација со едно лице, при што директно побарал парични средства за себе за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно договорил на 05.04.2026 година, додека извршувал работни задачи на граничниот премин, на излез од државата да го пропушти лицето и патничкото моторно возило, кое го управувал, иако не е негова сопственост, не поседувал полномошно и возилото евидентира како украдено на „стоп листата“ во системот за контрола на патници и возила, стои во соопштението од МВР.







