Финска девет години по ред е најсреќна држава во светот – На кое место по среќа е Македонија?

Фото: Јутјуб видео принтскрин

Финска деветта година по ред е прогласена за држава со најсреќно население во светот, покажува денеска објавениот Извештај за светската среќа.

Нордиските земји повторно доминираат на врвот на листата, при што Исланд, Данска и Шведска се меѓу првите пет. Костарика е единствената земја што не е нордиска, а е меѓу првите пет поточно рангирана на четвртото место.

Во првите десет се и Норвешка, Холандија, Израел, Луксембург и Швајцарија. Германија напредуваше од 22 на 17 место, додека Австрија падна на 19-то место. САД во споредба од лани се место погоре на листата, качувајќи се од 24 на 23-то место.

Листата опфаќа 147 земји, при што на последно место е рангиран Авганистан.

Извештајот го изготвува интердисциплинарна екипа предводена од експерти на Центарот за истражување благосостојби на Оксфордскиот универзитет. Во него се оценуваат животното задоволство и квалитетот на живот врз основа на повеќе фактори како економија, здравје, слобода, дарежливост и перцепција за корупција.

На оваа листа на среќа Македонија е на 82 место. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ