ФК „Хајдук“ ќе му гостува на „Осогово“ во Кочани

Пријателски натпревар меѓу сплитски ФК „Хајдук“ и кочански ФК „Осогово“ е договорено да се одигра во август следната година во Кочани. Ова е договорено од делегацијата од Општина Кочани предводена од в. д. градоначалникот Венко Крстевски во рамките на посетата на неколку градови во Хрватска. Крстевски се сретна со претседателот на ФК „Хајдук“ Иван Билиќ.

– Со претседателот Иван Билиќ се договоривме „Хајдук“ да одигра пријателски натпревар со „Осогово“ – Кочани. Според календарот за настапи на ФК „Хајдук“, тој натпревар би бил во август 2026 година, во вториот дел од летниот подготвителен период. Имавме средба и со заменик-градоначалникот на Сплит Иво Билиќ, кој е одговорен за спорт и за туризам, кој изрази подготвеност да помогне логистички за сѐ што треба за реализација на овој натпревар. За жал, кога Осогово одбележуваше 100 години од основањето, не се одигра натпревар од ваков тип, со кој ќе беше соодветно прославен и обележан јубилејот, но за 102 години – „Хајдук“ ќе гостува во Кочани. Овој натпревар очекуваме да биде почеток на поинтензивна соработка меѓу Кочани и Сплит – истакна в. д. градоначалникот Крстевски.

Во знак на спортско пријателство, Крстевски и Иван Билиќ разменија дресови на  „Осогово“ и „Хајдук“. Сплитски „Хајдук“ моментално ја држи втората позиција на Првата фудбалска лига на Хрватска и има ист број поени со „Динамо“. Се работи за силен клуб, иако во оваа сезона не успеа да се квалификува за групната фаза на UEFA натпреварите (Лига на шампиони, Лига Европа или Конференциска лига).

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ