ФК Шкендија одбила 700.000 евра од ФФМ за реновирање на стадионот

На денешната прес-конференција, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, откри дека федерацијата понудила финансиска поддршка за реновирање на стадионот во Тетово, но тоа било одбиено од Шкендија.

„Шкендија од Тетово не регистрираше нов стадион за новата сезона, иако нивниот стадион се реновира. Најавивме поддршка од 700.000 евра за изградба на трибини во Тетово. Сепак, на состанок со претставник на раководството на Шкендија, добив одговор дека не им е потребна помош. Не сум од оние што ќе молат некого да прифати поддршка“, рече Омерагиќ.

Клубот се соочува со проблем со домашниот терен пред почетокот на новата сезона. Шкендија ќе се обиде да ја остави зад себе неуспешната сезона во која остана без трофеј, завршувајќи втора во Првата фудбалска лига на Македонија и загуби во финалето на Купот на Македонија. ФФМ низ неколку дисциплински постапки изрече вкупна казна од 105.000 евра за националистички скандирања, непочитување на химната, пиротехника и одбивање да ги прими медалите.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ