Фотографии од мечка на терасата на викендичка во Отуње, село на 7 километри од Тетово од изутрината се споделуваат на интернет. Фотографиите што ги објави Тетова сот зборуваат за настан од вчера, кога мечка дошла во викендичката, проверува што има на масата, по што се качила на масата.

Отуње е планинско село во околината на Џепчиште, но е едно од местата каде изминатото лето се посетени од мечки, веројатно во потрага по храна.
Жители на планинските предели во Западна Македонија често јавуваат за посети од мечки, иако засега нема сведоштво за посериозен инцидент.




