Фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Експлозивна направа била фрлена ноќеска врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во Белград при што е предизвикана материјална штета.

Според првичните информации  пејачот, неговата сопруга и ќерка биле во куќата во моментот на детонацијата, но не се повредени.

Полицијата се сомнева дека станува збор за рачна граната, а мотивот за нападот засега е непознат.

Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград излезе на местото на настанот, каде што, заедно со полицијата, се утврдуваат сите околности на тој напад.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА