Хакиран системот за увоз на возила со кој работи Царина

Платформата на системот со кој се проценува зафатнината на возилото, година на производство и бројот на шасијата не работи веќе една недела и не може да се прави царинење на возилата. За тоа време, увезените возила се на плац, за што надомест треба да платат увозниците. Ова го објави ТВ 21, која пренесува изјава на заменик директорот на Царинската управа, Мустафа Даути, според кој, проблемот е во германскиот систем за царинење, кој бил хакиран.

Според Даути, Царина овој систем го има со договор склучен во 2019 година со германска компанија и бил оперативен, се’ до хакирањето. Во изјавата за телевизијата, Даути најавува решение за проблемот со лежарината на возилата.

-Да, ова е прашање за кое разговаравме и анализиравме, врз основа на информации што доаѓаат од терен, поради што презедовме чекори за да најдеме решение што е можно поскоро. Тоа е нешто што се случи за прв пат по толку долго време и ќе седнеме и ќе го разгледаме ова прашање што го споменавте“, вели Даути за ТВ 21.

Нема информација за колкав број на возила се работи, но според податоците на Царина, од јануари во март биле оцаринети околу 16 илјади возила. Најголем дел, околу 70% се употребувани возила од Европа, главно од Германија, Швајцарија, Италија.

Фото: Obi on Unsplash

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ