Хоџа ќе биде министер за животна средина, а Сали вицепремиер, допрва ќе му се бара министерство

Изет Меџити од ВЛЕН потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за животна средина и просторно планирање.

Меџити рече дека она што е познато е дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер, додека останува да се дефинира кое министерство ќе го води Сали.

„Нема да има реконструкција, но ќе има пополнување на позициите главно, да. Тие се финализираат. Она што е познато е дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер. И ќе биде потребно деновиве да се дефинира кој друг ресор ќе го покрива. А министер за екологија ќе биде Мухамед Хоџа“, рече меѓу другото Меџити.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ