Целиот владин и партиски врв денеска е во Струмица, каде вечер ќе се слави 36-годишнината од основањето на ВМРО ДПМНЕ

Screenshot

Во изминатите денови општинскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ од Струмица интензивно го подготвуваше Градскиот стадион „Младост“, каде вечерва во 20 часот е централната свеченост по повод одбележувањето на, како што е најавено,  36 години од основањето на партијата и 133 години од почетокот на македонската револуционерна борба.

Веќе претпладнето премиерот и партискиот лидер, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на реконструираната ЈЗУ Општа Болница во Струмица.

Повик до членството упати новиот генерален секретар на партијата Драган Ковачки,  кој рече дека со пораката “Македонија забрзува. Наша обврска”, се нагласува „посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да изградиме просперитетна Македонија“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ