Центар, Аеродром и Штип во топ три општини со продажба на станови и земјиште

Агенцијата за катастар на недвижности го објави последниот квартален извештај за 2025 година за трговија со недвижнини во државата. Извештајот покажува дека во периодот од 1 октомври 2025 година до 31 декември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 9.283 трансакции на недвижности. Споредбено со третиот квартал од 2025 година, во oвoj квартал има регистрирано 964 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на недвижности по oднoc на обемот на тргување.

Регистрирани се 5.084 продажби, од кои 1.094 продажби од инвеститор и 40 откупи од државата, како и 12 продажби по пат на лицитација, односно вкупно 6.230 купопродажби на недвижности, што npeтcтaвyвa раст за 95 купопродажби по однос на третиот квартал од 2025 година.

Во oвoj квартал преку купопродажби се истргувани недвижности со површина од  вкупно  8.385.003 метри квадратни со вкупна достигната цена од 19.327.337.950 денари.

Што се однесува до општините, најмногу продажби се евидентирани во Центар, Аеродром и Штип.

Најголем број трансакции се случиле на територијата на општина Центар, односно 812 трансакции, по општина Aepoдpoм се регистрирани 645, па општина ІlІтип со 634 трансакции, општина Кapnoш 472 трансакции, општина Битола 415 трансакции и во општина Гази Баба се регистрирани 410 трансакции. Најмал број трансакции се регистрирани на териториите на општините, Македонска Каменица со 10 трансакции, општините Конче, Лозово и Новаци со 9 трансакции, по општината Зрновци се регистрирани 8 трансакции.

Доколку се разгледа купопродажбата на недвижностите по типови на купопродажба, може да се забележи дека најголемиот број купопродажби припаѓаат на купопродажби на станови, од 35 % и земјоделско земјиште и шуми од 31 %. Споредено со третиот квартал oд 2025 година имаме зголемување за 3 %, пишува во анализата на Катастарот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ