Чалам на бесни гастарбајтери! Уапсени тројца несовесни возачи

Фото: МВР

МВР информира дека полицијата уапсила двајца гатарбајтери кои возеле непрописно и лудо.

-На 04.01.2026 во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час, информираат од СВР Охрид.

Вториот опасен чалам е на возач од Струмица.

На 04.01.2026 во 14:28 часот во Струмица, полициски службеници го лишија од слобода С.Б.(27) од Италија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ренџ ровер“ со италијански национални ознаки со брзина од 124 километри на час во населено место каде што максимално дозволена брзина е ограничена на 50 километри на час, информираат од МВР.

Третиот несовесен возач, пак, е фатен во радовишко.

-На 04.01.2026 во 13:13 часот на магистрален пат А-4, на паркинг-Дукатино, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода В.М.(43) од с.Дабиле, струмичко. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолкваген артеон“ со италијански национални ознаки со брзина од 168 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час, велат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ