Четири знаци дека сте високо чувствителна личност и како да си помогнете

Да се биде „многу чувствителен“ не е само особина на карактер, туку образец што може да влијае на психичкото здравје. Психологот Елејн Арон уште во 1997 година го воведе терминот високо чувствителна личност (Highly Sensitive Person – HSP).

Тоа не значи само да сте емотивни, туку дека вашиот нервен систем посилно реагира на надворешни дразби – од силни светла и бучава, до суптилни промени во расположението на другите. Истражувањата покажуваат дека ваквите луѓе се посклони кон анксиозност и депресија, токму поради тоа што полесно се преплавуваат од дразби.

Како да препознаете дека сте HSP?

1. Силно ја чувствувате околината
Гужва, бучава или остро светло можат брзо да ве исцрпат. Малите промени што другите не ги ни забележуваат, кај вас предизвикуваат силна реакција. Решение? Избегнувајте преполни места, носете слушалки што блокираат бучава или прилагодете го светлото во просторијата.

2. Склоност кон длабоко размислување
Сакате сериозни разговори и често премногу анализирате. Тоа може да ви помогне во креативноста и планирањето, но и да доведе до „парализа при одлуки“ и чувство на незадоволство ако работата не е во склад со вашите вредности.

3. Силна емпатија
Лесно ги чувствувате туѓите емоции – понекогаш и како да се ваши. Може да се расплачете на туѓа тага или да „заразите“ со туѓа вознемиреност. Оваа дарба ве прави одличен пријател, но и ранливи за емоционална исцрпеност.

4. Постојана потреба да угодувате
Многу чувствителните луѓе често сакаат сите околу нив да бидат задоволни, за да создадат мирна атмосфера. Но, ако постојано ги потиснувате сопствените потреби, ризикувате хроничен стрес и замор.

Како да си помогнете?

  • Научете да поставувате граници и кажете „не“ без чувство на вина.
  • Создајте мирни ритуали за одмор – прошетка, медитација, тивка музика.
  • Прифатете ја својата чувствителност како сила – таа ви овозможува да уживате подлабоко во уметноста, природата и меѓучовечките односи.

Фото: Shutterstock

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ