Четири прострелни рани во рака и нога – Повредениот од Куманово е вон животна опасност

Фоо: Рдио Бум

Повредениот од денешното пукање на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во Куманово е вон животна опасност. По завршените иследувања во Општата болица е пратен за Скопје, информираше за МИА, директорот на Кумановската општа болница, Сашо Стошевски.

-Лицето е примено со четири прострелни рани во пределот на левата подлактица и десно колено. Направени се сите иследувања од наша страна-рендген, компјутер. Лицето е вон животна опасност. Со возило на општа болница Куманово е пренесено на клиниките во Скопје, изјави директорот Стошевски.

Во меѓувреме, од Ургентен центар при ТОАРИЛУЦ, потврдија за МИА дека кај нив е донесено повреденото лице при пукањето во центарот на Куманово. Дополнително ќе соопштат повеќе информации за повредениот.

МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од село Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница.

– Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од улицата  „Димитрије Туцовиќ“ со ул. „11 Октомври“ во Куманово, две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш.(43) од с. Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР.

Полициски екипи се на терен и вршат увид, а блокирана е улицата „11 Октомври“ на која покрај зградата на локалната самоуправа, се сместени сите поважни институции – судот, полицијата, поштата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ