Човек прегазен од тракторот што го управувал, пациент починал по сообраќајка во која немал повреди

МВр соопшти дека вчера во 06:10 часот, при преземање службени дејствија во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, полициски службеник од СВР Скопје забележал дека на извештајот кај едно починато лице е заведено дека е починато како последица од сообраќајна несреќа.

-Во разговор со дежурниот персонал во болницата, добиени се информации дека лицето било донесено околу полноќ без знаци на живот и по половина час реанимирање лекар констатирал смрт. Исто така, добиена е информација дека лицето се вика С.Б.(58) од Скопје и дека и на 11.09.2025 се јавил на преглед и се жалел на болки како последица од сообраќајна незгода. По преземени мерки констатирано е дека на 28.08.2025 на ул.„Борис Трајковски” тој заедно со неговата сестра се превезувале со такси возило кое удрило во друго возило и притоа само возачот-женско лице на другото возило се здобило со лесни повреди, додека другите лица биле без повреди. Известен е јавен обвинител и по негова наредба направена е обдукција на телото на починатиот, при што, исто така, било констатирано дека смртта не настапила како последица од сообраќајната незгода.

На 12.09.2025 во 19:22 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас пријавено е дека на шумски пат во атар на истото село, под трактор „универзал” пронајден е Џ.М.(52) од Зајас. Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од тракторот. Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ