Жител на бугарскиот град Габрово, останал без својот автомобил, купен легално од лизинг компанија, иако го регистрирал во сообраќајната полиција без никакви проблеми. Уште почудно што го возел три години без никаков проблем, но рутинска контрола покажала дека автомобилот е баран од Интерпол преку Шенгенскиот информациски систем и дека всушност се работи за веќе запленето возило.
Цветан Вражилов го сфатил ова кога бил запрен на рутинска проверка на граничен премин. Возилото веднаш му било одзмено. Но, иако му го запленуваат, со месеци потоа, човекот продолжува да плаќа рати. По кратка рутунска контрола, излегло дека истото возило било препорадавано дури пет пати во различни бугарски градови, сведочи човекот.
„Автомобилот беше препродаден пет пати во различни градови во нашата земја – во Пловдив, Софија, Стара Загора, Габрово, повторно во Пловдив… и конечно назад кај мене во Габрово. И секој пат поминувало низ регистрација во сообраќајната полиција без проблем“, вели жртвата.
Некои од претходните сопственици тврдат во полицијата дека не знаат ништо за автомобилот, иако бил регистриран на нивно име. Обвинителството одбива да го врати автомобилот на неговиот последен сопственик бидејќи е предмет на спор за сопственост.
Вражилов за Нова ТВ изјави дека го купил автомобилот во 2013 година. На прв поглед неспорен договор, документите во ред, а автомобилот ги поминал сите сообраќајни полициски проверки.
Три години мирно го возел возилото, без да се сомнева во никакви проблеми.
На ГП „Калотина“, човекот дознал дека возилото е со статус барано од лизинг компанија, откако првичниот корисник престанал да ги плаќа своите долгови.
По заплената – иако повеќе не е сопственик на автомобилот – човекот продолжува да плаќа рати за него. Но, проблемите стануваат уште поголеми.
„Автомобилот беше регистриран на име на мајка ми. Таа мораше да плати над 700 лева данок, иако автомобилот го нема. Доби извршно решение на платата“, објасни Вражилов.
Тој отишол во сообраќајната полиција да го одјави автомобилот , но му било кажано дека мора да ги врати неговите регистерските таблички. И тука настанува нов проблем. Вражилов не знаел каде полицијата го има однесено, ниту пак можело да му се влезе во трага.
„Реков дека нема начин да се вратат регистарските таблички. Имало до сега случаи, кога и покрај сите проблеми, ти возила беа одјавувани. Сега не се знае каде е автомобилот“, вели човекот.
Вражилов е непоколеблив – вели дека 10 години не престанал да го бара својот автомобил и ќе продолжи да се бори до крај.




