Платежната картичка повеќе не е сигурна ни кога ќе се оди на лекар, ако се суди по случајот од Општата болница – Прилеп, каде шалтерски работник ја злоупотребил картичката на пациент и направил дури 71 интернет трансакции.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.С.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” и „злоупотреба на лични податоци”.
-На 13.10.2025, пријавениот како административен службеник на шалтер за наплата во ЈЗУ Општа болница Прилеп фотографирал дебитна платежна картичка на едно лице од Прилеп и во периодот од 26.10.2025 до 19.02.2026 извршил 71 интернет трансакција со вкупна сума од 90.174 денари, соопшти СВР Битола.





