Штип: Завршни зборови од судењето за убиството на Борјанка Николова

Денеска беа завршните зборови од судењето за бруталното убиство на штипјанката Борјанка Николова, која лани во октомври најпрво беше брутално претепана, а потоа и заклана во куќата на Денис Асанов во штипската населба Широк Дол. Откако била убиена, телото на Борјанка било исечено на повеќе делови, од кои трупот и рацете биле закопани во дворот на Асанов, а нозете и главата биле однесени на друга локација.

Обвинителството во своето излагање посочи дека има цврсти докази дека убиецот и касапот на телото на Борјанка е 74-годишниот Денис Асанов, во чија куќа Борјанка дошла доброволно кон крајот на септември 2025, но не била пуштена да си замине, а по повеќе денови престој, во октомври 2025 била претепана, при што се здобила со скршеници на ребра, а потоа и убиена со сечење на гркланот со нож.

Според Обвинителството фактот дека Денис Асанов е убиецот го потврдуваат сите анализи на вештите лица, постојат непобитни докази и бара соодветна затворска казна.

Одбраната, пак, тврди дека не постојат цврсти докази дека извршителот на убиството е Асанов и бара ослободителна пресуда.

Денис Асанов пред судот се изјасни за невин.

Конечната одлука судот ќе ја донесе на 28-ми април во 14 часот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ