Штип: Со „Питу Гули“ стартува реконструкцијата на повеќе улици во градот

Денеска со стартот на градежните активности на „Питу Гули“ стартува реконструкцијата на повеќе улици во Штип.

На „Питу Гули“ најпрво ќе се работи на замена на водоводната и канализациона мрежа, по што ќе се премине на слоевите на асфалтот:

„На улицата потоа ќе се работи на нови тротоарни површини и на крај асфалтирање на улицата. Повеќе од девет милиони денари се одвоени од буџетот на Општина Штип за оваа активности. Веруваме дека во наредните недели овде ќе бидат испланирани, завршени сите активности. Замолувам за трпение кај месното население, затоа што мора да се навлезе и темелно да се работи“-рече штипскиот градоначалник Иван Јорданов.

Иван Јорданов, градоначалник на Штип

По завршувањето на работите на „Питу Гули“, ќе се премине кон реконструкција на улиците „Коле Неделковски“, „АСНОМ“ и „Боро Милевски“.

„Повеќе од 50 улици се ставени во Програмата за уредување на градежно земјиште. Така да оваа пролет, лето Штип навистина ќе се реконструира, ќе се гради, ќе се работи и еве оваа улица може и официјално да го означи почетокот на оваа градежна сезона“ – додава Јорданов.

Планот на општината е при реконструкцијата на улиците да се прави и замена на постоечките инфраструктурни мрежи, пред се’ на водоводната мрежа, која во делови од градот е и повеќе децении стара и изработена од веќе забранетиот азбестен материјал.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ