Што се случува со албанскиот дел од владата на Мицкоски? – Еден министер си замина во странство, друг „раскрстил“ со партијата

По веста дека вицепремиерот од ВЛЕН, Арбен Фетаи е во Тајланд на патување, во пракса не ја врши функцијата, додека формално се’ уште е член на Владата, денеска стигна уште една слична информација, што ја потврди самиот министер. Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, кој дојде на оваа функција како член на ВЛЕН, изјави дека неговата соработка со оваа коалиција сега е завршена.

На новинарско прашање како ќе учествува на нследните избори, како дел од која политичка структура , Лимани одговори дека нема да биде дел од „ВЛЕН“.

– Во „ВЛЕН“ нема да бидам. Ќе видиме каде ќе бидам, одговори Лимани.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ