Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски е зачуден од информациите во соопштението од ОЈО дека „по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен“.
Во претхоен разговор за Канал 77 тој рече дека: „Безбедноста овде е на прво место, а не е само Шутка притворско одделение, има во Куманово, Гевгелија и Битола“, но по објавување на соопштението тој рече дека за него сето ов е призволно.
-Од каде на нив такви информации?! Од мене не е побарано написмено да се произнесам за безбедноста на лицето Артан Груби. За МВР и АНБ не знам. За мене сето ова е произволно. Нека дојде кој сака и да каже кои параметри затворот „Скопје“ не ги задоволува. Кои се тие безбедносни критериуми што ние не ги исполнуваме? Не е точно дека не може да се гарантира личната безбедност на Груби. Со сиот свој интегритет гарантирам дека максимално е загарантирана безбедноста на секој еден штитеник, дури и на Груби. На крајот на денот ако толку ценат дека овде е небезбедно има и други институции како во Гевгелија, Битола и Куманово. Затворот „Скопје“ не е мексикански картел. Само тоа имам да кажам, рече Утковски и појасни:
-Безбедност на затвор е состојба во која затворската установа е организирана и заштитена, така што се спречува бекство на осудени лица, се одржува ред и дисциплина внатре, се заштитуваат вработените, притворениците и посетителите.Се спречува насилство, недозволени предмети и криминални активности. Тоа значи комбинација од физичка заштита, ѕидови, решетки, камери, потоа организациски мерки-контроли и претреси и службена контрола- затврска полиција и персонал. Безбедноста на затворот ја гарантира државата преку законите и институциите. Управата на затворот , директорот и раководството, затворската полиција, службата за обезбедување директно ја спроведува безбедноста. Министерството за правда или Управата за санкции врши контрола и надзор. Други безбедносни служби по потреба се полицијаили специјални единици при ризични ситуации. Со еден збор државата ја гарантира безбедноста, а затворската служба ја спроведува во пракса. Ќе го цитирам членот 11, а тоа е „го гарантира физичкиот и моралниот интегритет на човекот, забрана на мачење, нечовечко и понижувачко постпување, појасни тој.
В.М.






