Ја навредувале, омаловажувале и вознемирувале по телефон – Малолетнички од Кочани психички малтретирале соученичка

Неколку малолетнички од Кочани психички малтретирале соученичка, мајката се пожалила кај родителите и класната, па пријавила во полиција.

-На 25.03.2026 во 15:40 часот во ОВР Кочани, 42-годишна жена од Кочани пријави дека подолг временски период, врз нејзината малолетна ќерка е вршено психичко насилство од нејзина соученичка, а подоцна се приклучиле и други малолетници. Според пријавеното, на социјална мрежа имало група во која со други малолетнички ја навредувале и омаловажувале нејзината ќерка, која често и телефонски била вознемирувана, а како последица на тоа нејзината ќерка повремено имала и здравствени проблеми и ѝ била укажувана помош. Како што е пријавено, таа ја известила и мајката на другата малолетничка, а за проблемот разговарала и со класниот раководител и педагошко-психолошката служба во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Штип.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ