Јубилејни награди за непрекината работа во општината од над 3.000 евра и кривична за злоупотреба на заменик градоначалник на Старо Нагоричане и вработен

Фото: МВР

Кривична пријава против поранешен заменик градоначалник и вработен во Општина Старо Нагоричане за „злоупотреба на службена положба“ и „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот, извршувајќи работни задачи како заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, во текот на 2023 година му наредил на второпријавениот да изготви решенија за исплата на јубилејна награда за непрекината работа во општината, по што тој изготвил решенија за десет лица, на кои средствата им биле исплатени во 2024 година и на тој начин го оштетиле буџетот на општината за сума од 204.283 денари, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ