Овој концерт ќе биде многу поразличен од оној што се одржа во 2019 година. Ќе има повеќе гости, кои сега нема да го откријам, рече Влатко Лозано на денешната прес конференција по повод неговиот концерт,кој ќе се одржи во „Борис Трајковски“ на 7 март.
Влатко пред извесно време промовираше нова песна, но поради концертот рече дека ќеим уште една „Среќен пат“, која наскоро ќе ја промовира.

-Ќе биде романтична вечер со многу изненадувања. Важно е што ќе биде весело и разиграно. Ми рекоа дека салата е речиси полна, а тоа многу ме радува. Ќе биде концерт што ќе спои добар звук, врвна сцена, движење и емоции. Ја замислуваме вечерта како претстава“, рече Лозано.




