Ќе возиме ли поевтино од понеделник: – Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните два месеци

Фото: Фрипик

Само што американскиот претседател Доналд Трамп објави дека договорот со Иран може да се постигне уште овој викенд , дојде до пад на цените на нафтата на светските берзи.

Веста за можен договор ги доведе цените на нафтата до најниско ниво во последните два месеци. Фјучерсите за сурова нафта од Западен Тексас (West Texas Intermediate) во САД паднаа за 1,9% на 86,08 долари за барел, откако преку ноќ паднаа за 2,6%. Фјучерсите за сурова нафта од Брент паднаа за 1,5% на 89,08 долари за барел, откако преку ноќ паднаа за речиси 3%.

Во вакви услови, очекувањата се дека и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во понеделник да излезе со пониска цена на дериватите, согласно новите трендови на светскиот пазар.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ