Популарниот фолк пејач Миле Кузмановски вечерва ќе одржи концерт со два повода. А поводот е прослава на неговиот јубилеј, поточно 35 години од кариерата, но и неговиот роденден.
Концертот ќе се одржи во НОБ во придружба на Камерниот оркестар.
-Времето летна, еве дојдовме до 35 години од мојата песна. На концертот ќе бидат опфатени дел од моите песни, бидејќи досега сум снимил над 130 и невозможно е сите да ги отпеам. Секако дека ќе ја пеам „Не кани ме“, „Крал без круна“, „Се што побарав од тебе Господе“ и многу други. Планирам да повикам и гости, а тоа на мое големо задоволство ќе бидат Сузе Спасовска, Спасен Силјановски и Бојана Скендеровски. А за роденденот што да кажам освен да си посакам здравје на себе , на моите најблиски и секако на сите. И да порачам да слушаат македонска музика, вели Миле.
Концертот е во организација на Роса продукција.






