Бокал кафе и хартиени чаши пред судницата во Идризово држеше во рака мајка од Кочани која го изгубила својот син во пожарот во дискотеката „Пулс“. Кафето го подели на пузата на судењето на обвинетите за пожарот, како што рече, за душата на нејзиниот син.
-Без неговото кафе никаде не мрднуваме“, ни рече мајката.

Не сакаше да се слика, но на нашиот новинар му сподели дека бокалот со омиленото кафе на нејзиниот син го носи секаде. Бил голем љубител на кафе и за негова душа го подели на останатите родители, роднини на починатите и новинарските екипи.
Кафе во спомен на синот на оваа ужалена мајка и за покој на сите души кои ги зеде пожарот во „Пулс“.




