Одбраната на Огњан Георгиев тврди дека делото за него застарело 4 дена пред пожарот

Одбраната на обвинетиот градежен инспектор Огњан Георгиев бара најпрво да се утврди дали делото против инспекторот во пензија е застарено:

„Судот треба за Огњан Георгиев најпрво да утврди дали настапила застареност на делото, основното кривично дело е „предизвикување на општа опасност“ со казна затвор од една до пет години. Во случајов треба да се утврди дали постои застареност на основното кривично дело и судот не може да се впушти во разгледување на квалификаторното дело. Застареноста настапила на 11.03.2025 година, со оглед дека на 11.03.2020 година бил последниот период кога обвинетиот можел да преземе службено дејствие.“ – изјави адвокатот на Георгиев, Зоран Зафировски.

Огњан Георгиев изјави дека во потполност се согласува со воведните зборови на адвокатот и додаде:

„Би сакал да додадам уште некои работи, да објаснам и дообјаснам. Имам едно барање до ЈО, барам да ми се врати мојот мобилен телефон, затоа што јас друг телефон немам, а го плаќам цело време во Телеком и во мојот мобилен гарантирам и докажано е дека нема никакви доказни материјали бидејќи не сум имал никакви контакти со никого од обвинетите.“ – изјави Георгиев.

Во судницата во Идризово под засилено полициско обезбедување денеска се одвива четвртото рочиште од судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс.

ОБВИНЕНИЕ

Огњан Георгиев (68) се товари за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, бидејќи како овластен градежен инспектор во Општина Кочани во периодот од 2005 до 2021 година, тој според обвинението:

  1. Знаел дека објектот е во зона за „лесна индустрија“, но дозволил таму да се врши угостителска дејност спротивно на Деталниот урбанистички план .
  2. Не извршил инспекциски надзор иако во објектот се вршела незаконска реконструкција и пренамена без одобрение.
  3. Не повел постапка по службена должност за да го затвори објектот или да нареди враќање во првобитна состојба.
  4. Обвинителството смета дека дејствувал со умисла (се согласил со штетните последици).

Најновите информации за судењето во Пулс можете да ги следите овде.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ