Експлозивна направа била фрлена ноќеска врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во Белград при што е предизвикана материјална штета.
Според првичните информации пејачот, неговата сопруга и ќерка биле во куќата во моментот на детонацијата, но не се повредени.
Полицијата се сомнева дека станува збор за рачна граната, а мотивот за нападот засега е непознат.
Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград излезе на местото на настанот, каде што, заедно со полицијата, се утврдуваат сите околности на тој напад.








