Курти: Земјата, независноста и Уставот се нови, но јазикот, културата и народот на Косово се древни

Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска, на свечената седница на Владата, посветена на 18-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, изјави дека државата, независноста и Уставот се нови, но дека јазикот, културата и народот на Косово се древни.

Курти ги спомена и поранешните водачи на ОВК кои се судат пред Специјализираните совети во Хаг и рече дека „прогласувањето за независноста не може да се памети без да се споменат оние кои придонеле за изградбата на државата“.

„Нашата земја е изградена и се залага за вредностите на слободата и демократијата, еднаквоста и правдата, просперитетот и инклузијата. Секој граѓанин, без оглед на јазикот, етничката припадност, религијата или потеклото, е еднаков пред законот. Не можеме а да не се сетиме дека претставниците кои учествуваа во прогласувањето на независноста на Републиката се неправедно приведени денеска во Хаг, придонесот на секој од нив кон слободата и независноста е вреден и историјата ќе биде таа што ќе ја донесе вистинската пресуда“, рече Курти.

На почетокот на новиот мандат на Владата, Курти рече дека ги очекуваат бројни задачи и дека „целта што ја имаат пред себе е возвишена“.

Тој оцени дека Косово, како држава и општество, постигнало многу во текот на 18 години и го спомена зајакнувањето на владеењето на правото, економијата, меѓународните победи во спортот, уметноста и културата, безвизното патување и поднесувањето апликации за членство во Европската Унија и Советот на Европа.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА