Државјани од Србија и Македонија евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград

Фото: МНР Србија

Државјани на Србија,  и неколку од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, кои беа евакуирани од Израел, околу два часот по полноќ, пристигнаа во Белград со специјален лет на „Ер Србија“ од Шарм ел Шеик, организиран од Владата на Србија и Министерството за надворешни работи.

Специјалниот лет, кој тргна од Белград вчера околу 17 часот, пристигна во Шарм Ел Шеик околу 21 часот по локално време,  и се врати со 67 граѓани на Србија евакуирани од Израел, меѓу кои и мали деца, јави РТС. Првично беше организирано преминување по  копно на египетската граница, односно превоз до аеродромот во египетско одморалиште.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Дамјан Јовиќ кој беше испратен во Египет за координирање на акцијата, вели дека покрај фактот дека станува збор за хуманитарно прашање, тоа е и пораката што Република Србија сака да ја испрати дека „сакаме најдобри и најблиски односи исполнети со солидарност со нашите соседни земји, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина“.

Првиот авион од Дубаи со српски државјани слета во Белград вчера. 

Согласно последните податоци, од македонското МНР и НТ, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

– Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин, информира МНРиНТ.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ